Странците полесно до работна дозвола

Bez autora
Sep 19 2013

Намалување на документацијата која странката треба да ја достави во Агенцијата за вработување, како и одредени олеснувања во обврските на работодавачите при процесот на одјавување на работниците, предвидуваат последните дополнувања на Законот за работа на странци кој вчера помина на првото читање во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика. Според Министерството за труд и социјална политика, кое е предлагач на измените, со дополнување на Закон за вработување и работа на странци, ќе се овозможи Агенцијата за вработување, по донесување на посебен акт да може да ги наплати трошоците во процесот на прибирање на документи од други институции за постапката за издавање на работна дозвола.

Странците полесно до работна дозволаНамалување на документацијата која странката треба да ја достави во Агенцијата за вработување, како и одредени олеснувања во обврските на работодавачите при процесот на одјавување на работниците, предвидуваат последните дополнувања на Законот за работа на странци кој вчера помина на првото читање во матичната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

Според Министерството за труд и социјална политика, кое е предлагач на измените, со дополнување на Закон за вработување и работа на странци, ќе се овозможи Агенцијата за вработување, по донесување на посебен акт да може да ги наплати трошоците во процесот на прибирање на документи од други институции за постапката за издавање на работна дозвола. Воедно, со дополнувањето се дава можност Агенцијата за вработување, по службена должност да направи прекин на работниот однос по истекот на работната дозвола.

- Целта која треба да се постигне со дополнувањето, пред се е олеснување на постапката за добивање на дозвола за вработување или работа на странец, при што се намалува бројот на документите кои странецот треба да ги приложи пред Агенцијата за вработување, од причини што во иднина Агенцијата за вработување тие документи ќе ги побарува од надлежните институции по службена должност - образложуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Според предложените измени, по донесување на Законот ќе биде овозможено автоматски прекин на работниот однос со денот на престанок на валидноста на работната дозвола по службена должност.

Доколку Министерството за внатрешни работи од доменот на нивните надлежности даде негативно мислење за работниот ангажман на странецот, тогаш Агенцијата за вработување во однос на поднесеното барање за добивање на работна дозвола, ќе донесе негативно решение за издавање на работна дозвола за странец.

Меѓу другото се воведува надоместот за посебни трошоци кој треба да се плати во Агенција за вработување за извршена услуга при издавањето на соодветен тип на работна дозвола. Воедно, предложените измени даваат можност Агенцијата за вработување да може да наплатува и друг тип на дополнителни услуги кои би ги побарале странките, како на пример подсетник за истекување на валидноста на работната дозвола.

Владата годишно ќе утврдува квота на работни дозволи која ќе биде утврдена со одлука, донесена најдоцна до четвртиот квартал од тековната година за наредната година. Со ова Македонија ја има најкратката процедура во Европа за добивање на работна дозвола на странец. А измените се со цел да се подобри бизнис климата во државата со овозможување на полесни услови за влез на странските инвеститори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik